Вечерва Роксанда Илинчиќ со модно шоу во Белград!
•
24 јуни 2016
Една од најуспешните српски дизајнерки во светот, Роксанда Илинчиќ вечерва се враќа во Белград со модна ревија за новата колекција есен-зима 2017 што ќе ја претстави во „Белиот дворец".
Поводот за ова случување е одбележување на 25-години работа на српската модна агенција „Modni studio Click", кои се всушност и главните виновници за доаѓањето на дизајнерката, која со години веќе живее и работи во Лондон.
Дизајнерката чии креации ги носат Кејт Мидлтон, Мишел Обама, Кејт Бланшет, Кира Најтли и уште бројни дами од светскиот џет-сет, по неколку години се враќа во родната земја со ревија која инаку ќе биде со хуманитарен карактер, а сите собрани средства ќе бидат донирани за помош на децата болни од рак.