Вечерва стартува „The Look of the year“ на прекрасната Сицилија

22 октомври 2016

Вечерва во местото Таормина на прекрасната Сицилија, во големата сала на хотелскиот комплекс Шеретон започнува еден од најпрестижните избори за убавина „The Look of the Year 2016".


Македонска претставничка годинава е прекрасната Ивана Караџова од модната агенција Моделс ИН. На настанот таа ќе носи четири креации на македонската дизајнерка Ивана Каран.

„Нашиот најголем успех е што Ивана стекна големо искуство и е дел од еден од најпрестижните избори за модели, воедно да се биде во центарот на едно вакво модно случување е голема привилегија за секој модел" ,изјави Алек Наумовски од нејзината модна агенција Моделс ИН.

На Ивана и посакуваме многу среќа и да ја доживее магијата наречена „Лице на годината".

 

Објавено:
22 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
269 пати