Убавата Ивана Караџова е македонската претставничка на Look of the year

2 септември 2016

Во организација на модната агенција Моделс ИН од Скопје, во јуни се одржа кастингот за престижниот избор на модели The Look of the year каде земаа учество 14 девојки.

Лиценцата за овој избор е во сопственост на Јелена Ивановиќ и нејзината респектабилна модна агенција Model Scouting Office со седиште во Белград. За кастингот во Скопје дојдоа букери и скаути од Белград да ги селектираат девојките, и воедно да го направат вистинскиот избор за Лице на годината од Македонија. Победничка за оваа година е младата убавица Ивана Караџова од Скопје, која е веќе се подготвува да не претставува на светскиот избор кој ќе се одржи во Октомври во местото Таормина кое се наоѓа на Сицилија, Италија.

Младата Ивана е лице кое зрачи со ренесансна убавина и го поседува оној фактор X кој е задолжителен помеѓу новите модели. „Мислам дека го имаме вистинското лице од Македонија", беше кратката изјава на Јелена во разговор со првите луѓе на Моделс ИН.

Воедно уште три други девојки заминуваат за Белград во Септември каде агенцијата Model Scouting Office сака да склучи договор и да ги застапува во светски рамки.

Инаку новото лице Ивана Караџова е средношколка и долги години професионално се занимава со одбојка ,а воедно две години е дел од модната агенција Моделс ИН.

„Навистина оваа година сме презадоволни од девојките и до самиот крај не бев сигурен која ќе биде The Look of the Year 2016 за Македонија. Ова е огромна шанса за Ивана. На светскиот избор има модни агенти и скаути од цел свет каде има големи шанси да го препознаат нејзиниот потенцијал и да биде експресно букирана. На Ивана и претстојуваат подготовки, а ние секако ќе и бидеме најголемата поддршка", изјави Алек Наумовски.

Објавено:
2 септември 2016
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
1.681 пати