Наталија Стојановска оди на финалето на Look of the year во Рим!

2 декември 2014

Оваа недела (30 ноември) на големата сцена на белградскиот Народен театар, се одржа регионалното супер финале на изборот за Лице на годината (Look of the year).

Од трите прекрасни девојки од Македонија, дефинитивен победник беше прекрасната Наталија Стојаноска, која веќе четири години е дел од модната агенција Моделс Ин.

Стојаноска има 19 години и е редовен студент на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Во моментов, таа се наоѓа во Белград каде се случуваат и последните подготовки пред големото финале на светскиот избор во Рим на 7 – ми декември.

Покрај Наталија од Македонија, во финалето одат и Маја Даничиќ од Србија, Тара Бојаниќ од Црна Гора, Сара Ѓуриќ од Хрватска, Светлана Куљача од Босна и Херцеговина и Уршка Фукс од Словенија.

Без оглед на пласманот на Наталија во Рим, таа ќе потпише договор со Јелена Јовановиќ и нејзината модна агеција Model Scouting Office.

Минатата година, победничка во главното финале за избор на Лице на годината беше прекрасната Ким Косановиќ од Хрватска.

Објавено:
2 декември 2014
Категорија: 
Портфолио