Вегефест: Модата не смее да биде сурова

28 октомври 2016

По петти пат Анима Мунди го организира Вегефест, фестивал со кој повикува на совесност, свесност, хуманост и разум, живот без да ги повредуваме животните.

Вегефест ќе се оддржи на 30 октомври (недела) во Младинскиот Културен Центар, со почеток од 11:00 часот, а својата богата програма ја завршува доцна навечер.

Основната порака на годинешниов Вегефест е: Модата не смее да биде сурова!

„Од тој аспект особено драга и важна новина за Вегефест е гостувањето на еден од најдобрите македонски модни дизајнери Никола Ефтимов, чие предавање „Модна еволуција и револуција за правата на животните" убедени сме, ќе биде силен поттик за пресвртница во модниот свет во Македонија кон бојкот на кожата/крзното и прибегнување кон етички, еколошки прифатливи алтернативи. Целта е да поттикнеме свесност, совесност, хуманост кон сите живи битија, бојкот на суровост; прибегнување кон етички, еколошко оддржливи и здрави модни алтернативи и воопшто алтернативи на живеење“, се вели во соопштението на организаторите.

Модата рапидно се менува и драстично хуманизира, а модните дизајнери од целиот свет прибегнуваат кон опции кои исклучуваат животински суровини како кожа и крзно , т.е. се одлучуваат на користење на еко крзно и еко кожа . Во низата етички триумфи во светски рамки последен е Армани кој јавно објави дека повеќе крзно од животни нема да биде користено во ниту една колекција, и тоа го стори исклучиво од етички и еколошки причини.

Објавено:
28 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
72 пати