Верица Ракочевиќ ја претстави колекцијата Рамонда Сербика

20 мај 2013

По повод 30 години од својата работа српската модна дизајнерка Верица Ракочевиќ, во Белград ја промовираше својата најнова колекција пролет- лето насловена и инспирирана од цветот Рамонда Сербика кој расте само во околината на Ниш. Во необичен амбиент со проекции на ѕидовите за време на ревијата, дизајнерката Ракочевиќ покажа едно необично модно шоу, за кое тамошните медиуми пишуваат дека е рамо до рамо со светските. За колекцијата се изработени колекција чанти и накит од аметист и смарагд, како и посебна колекција на чевли. Ревијата ја отвори познатата српска манекенка Данијела Димитровска а учествуваше и манекенката Симона Андрејиќ. За колекцијата Рамонда Сербика исто така е изработен и каталог во Њујорк.

 

 

Објавено:
20 мај 2013
Категорија: 
Актуел