Верица Ракочевиќ ја претстави новата колекција

24 септември 2014

Српската дизајнерка Верица Ракочевиќ, од минатата година веќе Кузманчевиќ, веќе 30 години е активна на српската модна сцена. Секогаш отскокнувала, а своите ревии ги прикажувала со разни шоу-а, како што тоа се прави и во светот.

Неодамна ја презенриаше pret-a-porter колекцијата за есен-зима 2014/15, насловена како „Lady“. Како изјавува за спрските медиуми, она што било во центарот при создавањето на оваа колекција била суштината, а не формата, да го привлече вниманието на публиката која ја гледа ревијата кон сржта на она поради што еден дизајн и се претставува пред неа, а тоа е производот.

Верица ја покажа колекцијата исклучиво пред претставниците на медиумите, нешто што сосема нормално функционира во модната индустрија, со цел да бидат дел од пионерското остварување - презентирање на pret-a-porter колекција за актуелната сезона.

Волна, кашмир, свила се материјалите од кои се изработени моделите, инспирирани од стилот на Шанел. Она што ја прави оваа колекција посебна е тоа што е уникатна, односно сите модели ги има во сите големини во само еден примерок. Модните додатоци се исто така изработени од истите материјали, а дел од колекцијата ќе се најде и во Милано, во галеријата „Del Corso“.

Во продолжение погледнете ја новата колекција:

фото: svet.rs

Објавено:
24 септември 2014
Категорија: 
Колекции