Версаче и Прада не се штедат да потрошат милиони на италијанските знаменитости

17 септември 2014

Версаче и Прада се едни од повеќето реномирани брендови кои финансиски ќе помагаат во реставрацијата на разни културни знаменитости низ светот. Овој пат токму тие ќе донираат 3 милиони евра за реставрација на италијанската историска галерија Виторио Емануеле II, која воедно е најстариот шопинг центар во светот.

Прада и Версаче ги сладат стапките на Булгари кои донираа 1,5 милиони евра за реставрирање на Шпанските скалила, Тодс издвои од профитот за  Колосеумот, а кон исти финансиски цели се приклучија и Фенди и Џорџо Армани.

-Чувствуваме културна и социјална  одговорнот. Ова е вистинскиот момент, бидејќи претходно не бевме подготвени од нашиот буџет да издвоиме финансии за работи надвор од она што ни е приоритет. Сега може да инвестираме и сме среќни поради тоа, велат од Версаче.

Инаку, Версаче ќе го отвори својот нов бутик токму во популарната италијанска галерија, а комплетната обнова на шопинг центарот треба да се заврши на крајот од 2015 година.

 

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Актуел