Видео: Есма и Лозано со одличен настап на Евровизија

16 мај 2013

Македонските претстваници на втората евровизиска полуфинална вечер во Малме, Есма и Лозано имаа одличен настап.

Тие достојно ја презентираа земјата пред светската јавност со композицијата „Пред да се раздени“ која е дело на Лазар Цветкоски и Дарко Димитров, аранжманот го направи Дарко Димитров, а за текстот е заслужна пејачката Магдалена Цветкоска – Ена, додека зад делот на Есма како комплетен автор стои Симеон Атанасов. Костимографијата со која Есма го привлече фокусот на сцена е дело на Елена Лука.
Објавено:
16 мај 2013
Категорија: 
Актуел