Викрорија Бекам на врвот од листата за најдобар британски бизнисмен

29 октомври 2014

Дизајнерката Викторија Бекам,  се наоѓа на првата позиција од листата на сто најдобри бизнисмени во Британија, која ја состави магазинот „ Management Today“. Според уредништвото на списанието,  Бекам,  го држи врвот поради растот и осетот за водење бизнис стратегија. Викторија која минатиот месец го отвори новиот бутик во Лондон,  во текот на пет години,  нејзината работа бележи раст во профитот како и по бројот на работни места.

-Според основните критериуми што ги поставивме, таа заслужено се најде на првото место, изјавува уредникот на листата Филип Бресфорд и додева дека таа како жена бизнисмен се покажала доста успешно притоа користејќи ја популарноста.

Викторија Бекам, мајка на четири деца, својата модна линија ја лансираше во 2008 година, а после три години и  поефтината линија.

Инаку, на истата реномирана листа стојат и имињата на братот и сестрата Амит и Мита Пател, како сопственици на  фармацијата- Оден Мекензи. На третата позиција се наоѓа Махмуд Камани, споственик на модниот портал Bohoo.com, додека на четвртото се позиционираше Џулијан Данкертон, шефица на модниот синџир SuperGrup.

 

 

 

Објавено:
29 октомври 2014
Категорија: 
Актуел