Младата 24- годишна актерка, Џенифер Лоренс која најмногу пошироката јавност ја памети по падот на црвениот килим, а од неодамна и по хакерскиот напад од кој беа објавени нејзини приватни фотографии, сега конечно нешто добро и се случи и нејзе. Според гласовите од читателите на магазинот Гламур, шармантната русокоса актерка е прогласена за најдобро облечена жена во конкуренција со уште 49 актерки и манекенки. Па ‘ така втора на листата се најде и црномурестата актерка Лупита Нјонго, додека зад неа или трета по ред за најдобро облечена е прогласена уште една млада актерка- Кристен Стујарт, која две години наназад беше на врвот од истата листа на Гламур.
Попозната како Хермиона од Хари Потер или актерката Ема Вотсон, веќе порасна и може да стои рамо до рамо со поискусните. Таа се најде на четвртата позиција, а зад неа стои името на Блејк Лавли. Анџелина Џоли на изненадување се позиционира на шестата позиција, а следни зад неа се Кејт Миделтон, Кети Пери, Џенифер Анистон и Ема Стоун.
Изненадувачко е тоа што во Топ 10 за најдобро облечени ги нема имињата на Викторија Бекам, Бијонсе, Џенифер Лопез или медиумски агресивно присутната Ким Кардашијан. Нивните позиции се резервирани нешто подолу од истата листа за најдобро облечени.