Години наназад Викторија Бекам е доказ дека жената може да постигне сѐ што сака во животот – успешна кариера, љубов, деца, супер стил и почит како нешто најважно.
Со последната фотосесија во кинеското издание на модната библија Вог, 41 – годишната дизајнерка и мајка на четири деца покажа дека сѐ уште е во совршена форма и навистина е жена со уникатен стил.
На фотографиите можеме да ја видиме Викторија во навистина интересни пози и супер комбинации, како разиграно позира пред апаратот за мајското издание на Вог Кина.
Откако беа објавени фотографиите во интернет просторот, нејзините обожаватели не можеа, а да не ја забележат и фотошоп грешката на една од фотографиите.
Иако многумина посочија дека всушност не станува збор за грешка, туку дека тоа се едноставно белите панталони што таа ги носи, сепак имаше бројни негативни коментари на адреса на познатиот моден магазин.
Нејзините обожаватели инаку беа воодушевени од фотографиите за кои ќе кажат дека иако Викторија повторно не се смее, со овој едиторијал може да се види и онаа забавната и нежна страна што ја има дизајнерката.
Во последно време се шпекулираше дека многу наскоро ќе се случи реобединувањето на Спајс Грлс, но извор близок на дизајнерката вели дека таа ги одбила сите понуди поврзани со популарната музичка група.