Викторија Бекам во празнично издание – црвено од глава до пети

21 ноември 2018

Модната дизајнерка Викторија Бекам на својот Инстаграм профил објави фотографија со која покажа како се носи црвено од глава до пети, а сепак тоа да не изгледа тенденциозно или невкусно.

Напротив, сите парчиња во интензивна црвена боја, се разбира од нејзиниот бренд, функционираат одлично заедно, споени во една стилска целина.

Плетена црвена ролка, елегантно свилено здолниште и високи црвени чизми – се формулата за тренди празничен изглед.

Несомнено, и овој аутфит на Викторија беше поздравен од Инстаграм следбениците и оценет како перфектен.

 

Објавено:
21 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
657 пати