Во Монако претставена ресорт-колекција на Диор

20 мај 2013

Модната куќа Диор не случајно одржа ревија во кнежеството Монако. Познатата актерка Грејс Кели, подоцна Принцеза Грејс од Монако, отсекогаш важела за инспирација на престижниот париски бренд, а со оваа ревија како да беше обновена долгогодишната љубов меѓу Диор и Монако. Домаќинка на настанот беше сегашната монегашка принцеза Шарлин, а во првите редови на презентацијата седеа Џесика Биел, Марион Котијар и Лив Тајлер.

 

 

 

Ревијата на Раф Симонс за ресорт-колекцијата се одржа во специјално конструирана бела коцка поставена на пристаништетот во Монако, со што на гостите им беше овозможен спектакуларен поглед на Медитеранот. Симонс за сезоната ресорт 2014 предлага микс на лесни парчиња со суптилен еритоцизам, фустани со мултиколорни панели, модели од проѕирна тантела, бои како лимон-жолта, кобалтно сина и валкано розева. Креациите се лосна конструкци, впрочем тие делуваат соодветно за џетсетерите и оние што одат на луксузни патувања, целната група на ресорт-колекциите.

 

Принцезата Шарлин од Монако беше домаќинка на ревијата

Раф Симонс, креативен  директор на Диор 

 

Објавено:
20 мај 2013
Категорија: 
Актуел