Вог ја подготвува својата изложба на столетието!

15 јануари 2016

Култниот моден магазин Вог ќе ги сублимира најзначајните фотографии од неговото основање во 1916 година до денес што ќе бидат поставени во рамките на изложбата „Вог 100: век на стилот".

Изложбата со која британскиот Вог заокружува значаен јубилеј, ќе биде поставена на 20 февруари во Националната портретна галерија во Лондон.

Поставката ќе понуди величествена серија на фотографии кои имаа исклучително влијание во дефинирањето на ликот на глобалната модна сцена.

Фоотографиите со Кајт Мос во долна облека, насловниците на Питер Линдберг, сериите фотографии од Втората светска на фасцинантната фотографка, дописник и модел Ли Милер, се само дел од уметничките дела што зборуваат за сериозниот профил на овој магазин што ја има една од клучните позиции во креирањето на „амбиентот" во модниот свет.

Ќе бидат изложени над 280 фотографии, а изложбата ќе биде отворена со 22 мај.

 

Објавено:
15 јануари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
290 пати