Уште е кралица: Синди Крафорд фантастична на насловната на бразилскиот „Вог“

14 мај 2021

Супермоделот од 1990-тите, Синди Крафорд ја краси најновата насловна страна на британското издание на „Вог“.

На 16-годишна возраст за првпат се најде на насловна страна на споменатиот магазин, а 40 години подоцна изгледа фантастично!

Црно-белата портретна фотографија на Синди со волуменозна коса е одлична и впечатлива, а и меѓу новите омилени на моделката, која се пофали и на својот Инстаграм профил:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

„Им се заблагодарувам на Луиџи и Инаго што ме потсетија на она што го сакам кај моделингот - соработка и голема коса. Ха!“ Снимањето за бразилското издание на „Вог“ беше забавно“.

Покрај насловната фотографија, на другите фотографии ја гледаме Крафорд во провокативни изданија, каде се гледа нејзината се' уште совршена фигура, иако веруваме дека фотографиите се средувани и доработувани. 

Сепак, ова нејзино повторно појавување во ваков контекст покажа дека со право се' уште може да го носи епитетот „супермодел“ и дека апсолутно доминира кога и да се појави.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Luigi and Iango (@luigiandiango)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Luigi and Iango (@luigiandiango)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Luigi and Iango (@luigiandiango)

Објавено:
14 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
850 пати