Судската разврска меѓу италијанскиот дизајнер Роберто Кавали и тројцата улични артисти на графити од Калифорнија, Џејсон Вилијамс, Виктор Чапа и Џефри Рубин продолжува, пренесуваат странските медиуми. Артистите на графити пред неколку месеци поднесоа тужба до судот во Калифорнија, во која тврдат дека дизајнерот направил плагијат на нивните улични дела од улиците на Сан Франциско.
Идентичниот принт од графитот пресликан на втората линија „Just Cavalli“, дизајнерот ја негира како неоснована. Во својата изјава тој посочува дека немаат никаква основа и се неточни. Токму поради контрадикторната изјава, другата страна ги извести медиумите со поинаквата перспектива на случајот.
-Графитот што го изработивме има посебно значење за нас, а изјавата на Кавали е огромна навреда за нас. Доказите се толку јавни и очигледни во интернет просторот, што дополнително го нарушува нашиот углед и статус како уметници, гласи во соопштениото.
Во официјалната тужба стои дека тие никогаш не дале согласност за репродуцирање на нивното улично дело, ниту пак добиле барање за користење на авторски права. Судскиот процес што е во тек, само потврдува дека инспирацијата се црпи од секаде, но автентичноста од интерпретацијата секогаш подлежи на побарано одобрување од авторот. Инаку, во малопродажните продавници кои се застапници на линијата Just Cavalli, сè уште од полиците стојат дискутабилните креации.