Навредени уметници на графити го тужат Роберто Кавали

29 август 2014

По се изгледа дека и италијанскиот дизајнер Роберто Кавали не é без моден грев. Тројца уметници на графити од Калифорнија, Џејсон Вилијамс, Виктор Чапа и Џефри Рубин поднесоа тужба во судот во Калифорнија од која тврдат дека дизајнерот направил плагијат на нивните улични дела од улиците на Сан Франциско.

 

Станува збор за креации од втората линија „Just Cavalli“ каде  сите парчиња  облека, чанти, ранци и обувки, имаат ист принт како од уличните графити.

Засега не е познатата цената што според тужителите треба да ја плати Кавали, но како ќе пресуди судот останува да почекаме.

 

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Актуел