Крупните жени го тужат Лагерфелд

30 октомври 2013

Karl-Lagerfeld-quotes-18

Легендарниот креатор Карл Лагерферлд никогаш не ги бираше зборовите за да ги искритикува крупните дами, но изгледа последните денови претера во тоа.

А тоа го мислат и од здружението на жени со истакнати облини, кои вчера поднеле тужба против дизајнерот, обвинувајќи го за „навредливи коментари и дискриминација“.

Креативниот директор на Шанел пред 10-тина години ослабе 42 килограми и напиша книга за тоа, па редовно ги критикува луѓето со вишок килограми и притоа не ги штеди нагрдите и најтешките зборови.

„Никој не сака да види крупна жена на модна писта. Дека витните манекенки се грди тоа го зборуваат дебелите жени кои седат пред телевизор со кеса чипс“, пишува во неодамна објавената книга „Светот според Карл“, во која се собрани сите негови најпознати изјави.

Наведената констатација ја повтори и на телевизија, кон почетокот на овој месец, додавајќи дека вината за проблемите со кои денес се соочува француското здравство делумно ја сносат и „дебелите луѓе кои заболуваат од секакви болести“.

„Кога луѓето би имале малку повеќе граѓанска свест, не би се прејадувале со ѓубре“, вели тој.

Коментарите на Лагерфелд и порано предизвикаа контроверза и загриженост во модната индустрија, која често ја критикуваат дека ангажира нездраво слаби манекенки.

Бети Обријер, претседателката на здруженито „Убави, заоблени и задоволни“ изјави дека познатите луѓе би требало да престанат да изјавуваат вакви навреди.

„Доста ни е од тоа. Многу млади девојки се несигурни и за нив е страшно кога ќе слушнат вакви коментари“, изјави таа.

Обријер смета дека итно е потребно да се покрене кампања за сензибилизација по училиштата „за луѓето да разберат дека прекумерната килажа е често последица на некоја болест или генетика, а не на лошите прехрамбени навики“.

Објавено:
30 октомври 2013
Категорија: 
Актуел