Карл Лагерфелд – Секоја трета девојка има вишок килограми

13 август 2014

Модните трендови како да се во постојана трка за тоа кој ќе издаде подобра колекција за plus size жени, а крупните дами јавно истакнуваат дека се секси и дека повеќе не би сакале да се кријат заради својата телесна тежина. Па токму затоа, се претпоставува дека 2014 година ќе биде одбележана како година на дамите со облини.

Но, работите не треба да се гледаат со големо воодушевување бидејќи на модните писти сеуште владеат слабите манекенки, а медиумите си најдоа тема која што знаеја дека ќе предизвика светски интерес и голем број полемики. Па така неодамна актерката Мелиса Мекарти лансираше сопствена линија облека за plus size жени откако се пожали дека не можела да пронајде дизајнер кој би и креирал адекватен фустан за доделувањето на Оскарите.

Сепак кога станува збор за модната индустрија и нејзините авторитети, само еден лик е незаменлив по своите скандалозни изјави. Тоа е германската легенда Карл Лагерфелд, кој е познат по тоа дека е „без влакна на јазикот“, особено по навредувањето на пејачката Адел дека  е предебела за потоа да и се извинува за својата изјава. Тоа е само една капка во морето изјави на 80 годишниот дизајнер, а во продолжение прочитајте дел од најскандалозните изјави на модниот великан поврзани со килограмите, диетите и храната.

„Да некои луѓе ми кажуваат дека сум преслаб, а интересно е дека тоа ми го кажуваат личности кои би требало да намалат неколку килограми“.

„Вкупно ма 1% анорексични девојки, а во Франција (не знам точно за Англија) повеќе од 30% од девојките имаат вишок килограми . И тоа е опасно, особено по здравјето“.

„Никој не сака да види крупни девојки на модните писти“ , а со оваа изјава Лагерфелд заработи тужба од француската асоцијација „Убава, крупна, секси и со тоа сум сосема ОК“ (Belle, Ronde, Sexy et Je M’assume).

„Мислам дека за моите коски најдобро би било да ја одржувам тежината од 60 килограми“.

„Сега имам толку килограми колку што имав кога имав 18 години“.

„Кога ќе видам тон храна во студио ми изгледа како да е направена од пластика. Воопшто не можам да сфатам како луѓето може тоа да го стават во уста. Јас сум како животните во шума, тие не го допираат тоа што не можат да го јадат“.

Доколку ве навредија неговите изјави тогаш последната сигурно ќе го промени вашето мислење – „Се што ќе кажам е шала. И јас сум една обична шала“.

Објавено:
13 август 2014
Категорија: 
Сцена