Славните со парола- Сакајте си го вашето тело такво, какво што е!

6 ноември 2013

Во контекст на вчерашниот текст каде пишувавме за тоа колку и дали воопшто жените и девојките со облини се наоѓаат на маргините во модната индустрија, денес ќе ви понудиме една сосема нова визија како еден вид стимул за подршка на веќе постоечката платформа која се занимава со дизајнирање облека за покрупни  жени каде свој придонес дадоа едни од најпознатите холивудски диви со светска кариера. Тие се едногласни и велат:

„Имаме облини и не сакаме да ослабеме по никоја цена“.

 

Нина Агдал Нина Агдал

 

Ангелот на Викторија Сикрет, Нина Агдал, во едно неодамнешно интервју изјави дека ја губи самодовербата кога некој ќе и каже дека МОРА да ослабе, иако многумина би се сложиле дека оваа манекенка е една од ретките кои можат да се пофалат со преубаво тело и идеални пропорции.

Континуираните инсистирања на анорексична слабост во последниве години, неколку пати се најде на тапет во јавноста, додека на медиумите се почесто се појавуваат plus size модели кои со својот изглед го слават природниот, нормален изглед. Еве кои познати ѕвезди кои од самиот почеток на своите кариери одбиваа да се откажат од своите облини.

 

Лина Данам Лина Данам

 

Лина Данам

Креаторката и ѕвездата на HBO серијата „Girls“, Лина Данам која мошне често е мета на критичарите, поради нејзините вишок килограми еднаш револтирана од постојаните „навреди“ порача дека подобро би било јавноста да почне да се навикнува на нејзините облини.

„Ај погодете кој ќе привлече повеќе внимание јас во кратко секси фустанче и облини без гаќички или некоја слаба манекенка која личи на закачалка? Планирам да живеам 105 години, затоа навикнете се на моите облини, бидејќи планирам да ги покажувам секој ден“, низ смеа вели Данам.

 

Бијонсе Бијонсе

 

Бијонсе

Преубавата Бијонсе неодамна во своето интервју за „Teen Vogue“ им порача на своите фанови, но и на сите млади и убави девојки:

„Сакајте си го вашето тело такво, какво што е. Ако имате облини, тие нека бидат вашето тајно оружје. Она за што треба вистиснки да се борите е да имате убаво и здраво тело, не е важно дали тоа е со идеални пропорции или има вишок килограми. Најважно е да се сакате себе си такви какви што се и да бидете здрави“, кажа пејачката.

 

Кејт Аптон Кејт Аптон

 

Кејт Аптон

„Навистина не разбирам зошто се крева толку голема прашина околу моите гради, но знам зошто ги обожавам и не трпам критики поради фактот дека се големи. Како девојка бев буквално рамна како даска и сите се зафркаваа со мене поради тоа. Ми велеа дека не сум убава. Во моментот кога влегов во пубертет, моето деколте расцвета и јас бев пресреќна поради тоа“, кажа Кејт.

 

Селма Хајек Селма Хајек

 

Селма Хајек

Во едно од своите многубројни Селма Хајек призна дека е свесна за тоа дека има голем задник, полни нозе и целулит, но и покрај тоа таа не вежба, јаде мрсна храна и редовно пие црно вино.

„На крајот на краиштата позната сум и убава на свој начин, она што најмногу го сакам кај мене е фактот дека никогаш не дозволив мојата личност да ја окарактеризираат богатството и убавината“, гордо изјавува актерката.

 

Америка Ферера Америка Ферера

 

Америка Ферера

Ѕвездата од серијата „Грдата Бети“, еднаш изјави дека воопшто не и привлекува внимание, тоа што модниот свет му придава преголема важност на идеалниот физички изглед.

„Целата таа мешаница околу тоа колку калории внесов, па дали имам 60 или 72 килограми, мислам дека е занемарливо во поглед на тоа дека на прво место е секогаш потребата за љубов спрема себе и запознавање со својата душевна состојба“, заклучува Ферера.

 

Кристина Хендрикс Кристина Хендрикс

 

Кристина Хендрикс

При посета во Италија Кристина секој ден пиела капучино и се здебелила 7 килограми.

„Се чувствував боженствено. Менував комбинации пред огледалото во мојата спална и конечно изгледав како вистинска жена. Толку си се допаднав, што никогаш не пробав да ослабам, а и никогаш нема да го направам тоа“, задоволно вели Кики.

 

Џесика Симсон Џесика Симсон

 

Џесика Симсон

Јавноста често го критикуваше изгледот на Џесика која нагло качи неколку килограми. Но оваа убава русокоса ѕвезда изгледа дека воопшто не ја изгубила својата самодоверба во поглед на изгледот.

„Не сакав да бидам анорексична, но некако таа одлука си ја залепив на моето портфолио. Кога си преслаб едноставно не си убав, не си ти, не сакав да ме идентификуваат со таква етикета“, вели Џесика.

 

Ким Кардашијан Ким Кардашијан

 

Ким Кардашијан

Кога ја критикуваа заради целулитот таа самоуверено застана и рече: „Па што?“

„Никогаш не реков дека сум совршена. Бесмислено е да се верува во тоа дека ако си познат и нон стоп под лупа на јавноста дека треба да бидеш совршен. Некогаш знам и да се прејадам, ама и тогаш се чувствувам убаво, бидејќи знам дека вредеше“, изјави старлетата.

 

Адел Адел

 

Адел

Адел еднаш има изјавено дека себе не се гледа како plus size личност или како некој кој е „поголем“ од другите ѕвезди.

„Не е важно како изгледаш додека си среќен во сопствената кожа. Пред да решиш било што да поправиш на себе, биди сигурен дека го сакаш тоа“, завршува пејачката.

 

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

 

Џенифер Лопез

Дека Џенифер Лопез си ги обожава своите облини, говори и фактот дека таа го отпушти својот менаџер бидејќи тој настојувал таа да ослабе.

„Зошто не смеам да имам некој килограм вишок на себе? Не сметам дека сум дебела. Тоа сум јас. Израснав помеѓу крупни жени и секогаш сум мислела дека се преубави. Никогаш немам почувствувано потреба дека треба да се сменам“, кажа латино убавицата.

 

 

Објавено:
6 ноември 2013
Категорија: 
Сцена