Која големина носат познатите?

22 септември 2016

Честопати имаме мислење дека познатите личности се совршени. Или совршено слаби. Сепак, не секогаш е така.

И  меѓу нив има што носат реални конфекциски броеви и што се борат со килограмите.

Има и такви што одбиле да се борат и да влезат во општата, позната и посакувана рамка.

Во продолжение ви откриваме кој конфекциски број носат дел од најпопуларните жени во светот.

Џена Фишер

Џена Фишер - „Некогаш знае да биде глупаво кога треба да му се јавите на менаџерот и да му кажете, јас сега носам 36 наместо 34. Ете, во моментов јас сум 34-ка и во ред сум со тоа“.

 

Џесика Симпсон

Џесика Симпосн - „Воглавно се движам помеѓу 36 и 38. Никогаш нема да можам да носам помал број од ова. Ниту пак сакам. Во бременоста бев и поголема. Во принцип, тешко ми е да зборувам на оваа тема, бидејќи ги поддржувам крупните жени. Сметам дека сите жени без разлика на големината се убави“.

 

Џема Артертон

Џема Артертон - „Еднаш отидов кај еден дизајнер, чие име нема да го откријам, да пробам еден фустан. И кога го облеков, ми кажа: „Јас сум навистина изненаден што  можете да влезете во фустанот“. Јас носам 40 до 42. На тоа јас му одговорив: „Јас треба да бидам изненадена што воопшто си направил фустан поголем од 38-ца“.

 

Кристина Хендрикс

Кристина Хендрикс - „Навистина имам потешкотии кога треба да си најдам облека, особено ако се работи за фустан за црвен килим. Во горниот дел сум 46 и тоа знае често да биде проблем“.

 

Адел

Адел - Пред да го роди синот, Адел носеше конфекциски број 44-46. Но, тоа за неа не претставува проблем, особено бидејќи е и висока (околу 180см).  „Ќе ослабам само доколку тоа влијае лошо на моето здравје или сексуален живот, што сега не е случај“, изјави во едно интервју.

 

Бијонсе

БијонсеИако, можеби ќе ви звучи неверојатно, Бијонсе купува облека со број 38. За време на бременоста се здебелила 27 килограми, што многу бргу потоа исчезнаа. Инаку, висока е 174см.

 

Кристина Агилера

Кристина Агилера - Популарната пејачка сега носи 36, иако имало денови во нејзината кариера кога носела облека со големина 28-30. Како и да е, вели веќе не се стреми да биде слаба, бела девојка, како што многумина знаеле да кажат и да ја препознаваат.

 

Џенифер Анистон

Џенифер Анистон - Со висина од 167 см, Џенифер целиот живот носи конфекциски број 32. Но, за секогаш да биде така витка, таа вложува прилично висока сума. Како пренесува „Fox News“, актерката троши повеќе од 140.000 долари годишно за да се одржи во форма.

 

Џенифер Лопез

Џенифер Лопез -  Иако повеќето очекуваат некоја друга бројка, омилената на многумина Џеј Ло со облините, носи конфекциски број 38. Дури и за тоа добивала коментари на почетокот на кариерата да ја намали тежината, а со тоа и конфекцискиот број и тоа директно од менаџерот, по што таа се одлучила да го отпушти.

 

Ким Кардашијан

Ким Кардашијан - Ким неодамна сите ги изненади со новата фигура. Имено, познатата ријалити ѕвезда успеа од конфекциски број 40 да ја доведе својата фигура до број 36, што многумина го прокоментираа позитивно, особено имајќи предвид дека е висока само 161 сантиметар.

 

Кристи Алеј

Кристи Алеј - Познатата 65-годишна Кристи Алеј, во минатата декада помина едно долго патување кога е здравјето и тежината во прашање. Таа многу ослабе, па сега вели успева да влезе во конфекциски број 34, иако Тим Ган вели дека повеќе изгледа како да носи 38-ца или 40-ка, што исто така не би го намалило нејзиниот успех.

 

Мелиса Мекарти

Мелиса Мекарти - Комичарката Мелиса, носи 48+. „Признавам дека понекогаш сакам да влезам во магичната 38“, ќе каже актерката. Сепак, таа одлично се носи со килограмите, а со својата линија и учество во кампањите за жени со облини, им дава поддршка на многу дами што имаат проблем повеќе со самодовербата, отколку со килограмите.

 

Ријана

Ријана – Во 2012 година пејачката изјави: „Сега сум конфекциски број 30 и воопшто не сум задоволна со тоа. Повеќе ги сакам облините". Токму затоа и се трудела да ја поправи ситуацијата, па сега е конфекциски број 36, што сосема соодветствува и на нејзината висина од 172 сантиметри.

Објавено:
22 септември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.840 пати