Војвотката Кејт Мидлтон на пикник во фустан од Зара

29 мај 2018

Неколку пати досега имавме можност да ја видиме Војвотката Кејт Мидлтон во фустани од популарни high street брендови, а се чини Зара е една од нејзините омилени.

На семеен пикник со двете дечиња, таа одбра син фустан со цветови од популарниот бренд, кој чини околу 50 евра.

Фустанот таа го комбинираше со рамни чевли, чанта од австралискиот бренд Little Makes Big, интересни обетки и очила за сонце.

Заедно со принцот Џорџ и принцезата Шарлот, таа уживаше во трките со коњи во Норфолк кои традиционално се одржуваат секоја година, а кралското семејство особено ги почитува.

Човекот кој ги направил фотографиите од Кејт и нејзините дечиња, ќе каже дека таа изгледала многу опуштено, уживајќи во времето поминато со Џорџ и Шарлот кои добиле играчки и сладолед.

„Седевме до нив и сосема случајно ја забележав Кејт како си игра со нејзините дечиња, но не можев да поверувам дека е навистина таа. Кога сите луѓе околу нас почнаа да ја гледаат, а ги здогледав и полицајците, сфатив дека навистина се работи за Војвотката и направив неколку фотографии. Изгледаа како навистина да се забавуваат и како да се едно сосема обично семејство кое ужива во заедничките моменти“, изјавил за Дејли Мејл човекот што ги направил фотографиите.

Ова не е прв пат Војвотката од Кембриџ да одбере парче од high street брендот Зара. Се чини тој е еден од нејзините омилени, со оглед на тоа што многупати досега се појавува во нивни комбинации.

Прекрасната во розов свилен фустан од брендот беше и на свадбата на нејзината сестра Пипа Мидлтон, каде истиот го комбинираше со високи потпетици и раскошна шапка.

Извор: Дејли Мејл

Фото: Дејли Мејл, Вог

Објавено:
29 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.972 пати