Принцот Џорџ и Шарлот во најслаткото издание во Канада

30 септември 2016

Во тек е канадската турнеја на кралското семејство, а за прв пат ги придружуваат и нивните две преслатки дечиња принцезата Шарлот и принцот Џорџ.

Тие беа дел од една детска забава во Канада на која присуствуваа и многу дечиња чии родители се дел од тамошната војска и во моментов се на мисија.

Ова е едно од ретките појавувања на кралското семејство со нивните две дечиња кои изгледаат послатко од кога и да е во нивните координирани, претежно сини парчиња облека.

Во духот на забавата, дел од истата беа разни забавувачи кои си играа со децата, многу животни, разни играчки, балони и што уште не.

Се чини, малиот принц Џорџ најмногу се воодушеви на меурчињата од сапуница со кои уживаше да си игра, додека неговата сестра Шарлот уживаше во друштво на зајчињата, кучињата и музичките инструменти.

Војвотката Кејт на настанот изгледаше беспрекорно како и впрочем на целата турнеја, а овој пат одбра плетена креација од ресортот на Клое која ја комбинираше со кремасти чевли на потпетица и едноставна шминка и фризура.

Нејзиниот сопруг, принцот Вилијам одбра темно сина комбинација со кафени чевли, со што си одговараше со неговиот син со кој имаат неверојатно слатки фотографии од забавата.

Во недела и официјално завршува кралската турнеја во Канада, која членовите на семејството ја оценија и повеќе од успешна.

Во галеријата погоре погледнете ги преслатките фотографии од принцот Џорџ, принцезата Шарлот и нивните родители. 

Објавено:
30 септември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.772 пати