Оваа недела кралското семејство повторно се врати во посета на Канада, овој пат во друштво на нивните две прекрасни дечиња и со повеќе искуство од минатиот пат.

На аеродромот ги пречека канадскиот премиер Џастин Трудо и неговата сопруга Софи со сите почести како што му доликува на едно кралско семејство.

Сосема расположени и весели дури и по 10 часовниот лет, Кејт и Вилијам изгледаа прекрасно заедно со нивните две дечиња – принцот Џорџ кој беше расположен како и секогаш и принцезата Шарлот која изгледаше преслатко во прегратките на нејзината мајка.

За пречекот секогаш стилската Кејт се одлучи за темно син фустан на Џени Пакам украсен со дијамантски јаворов лист во чест на Канада, во комбинација со високи потпетици во беж боја, шапка соодветна на фустанот, дијамантски обетки и елегантна фризура.

Нејзиниот сопруг, принцот Вилијам се одлучи за темно син костим во комбинацијата со вратоврска со риги, додека нивните дечиња беа неверојатно слатки во внимателно одбрана облека за нив.

Една од најинтересните случки за време на свечениот пречек беше моментот кога канадскиот премиер се обиде да го поздрави малиот принц кој одби секаква комуникација со него, со што предизвика смеа и кај сите присутни на аеродромот.

Принцот Вилијам и војвотката Кејт ги поздравија сите присутни и посочија дека се многу среќни што овој пат се вратија во Канада заедно со нивните деца, бидејќи минатиот пат уживале во престојот.

Веќе вториот ден од нивната посета, Кејт повторно воодушеви со фантастичен фустан на Александар Меквин во црвено – бела варијанта со карнери и тантела во комбинација со црвени потпетици и мала чантичка.

Со тоа, кралското семејство и официјално ја започна канадската турнеја која ќе трае една недела, а за време на истата се очекува да посетат многу значајни места и да се сретнат со голем број високи претставници од земјата.

Објавено:
26 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.675 пати