Во моментов најпопуларната кралска двојка Меган Маркл и принцот Хари се на турнеја низ Австралија, а токму таму, таа уште еднаш докажа дека е дама со исклучителен стил.
За посетата на Тонга, таа се одлучи за прекрасен црвен фустан од популарниот бренд Self Portrait, но обожавателите забележаа дека за прв пат таа прави грешка.
Имено, во моментот кога се симнаа од авионот со нејзиниот сопруг, можевме да забележиме дека етикетата на брендот сè уште стои на фустанот и во неколку наврати истата беше фотографирана од бројните присутни на пречекот.
Црвениот фустан кој инаку го одбра во чест на црвеното знаме на кралството Тонга, таа го надополни со чанта од Диор и потпетици од Маноло Бланик.
Нејзиниот тим не ја забележа грешката, па така војвотката остана со истата неколку минути додека се поздравуваа со сите присутни.
Многумина ќе кажат дека етикетата е оставена поради тоа што фустаните подоцна се враќаат, но тоа е малку веројатно со оглед дека се работи за сопругата на принцот Хари.
Нешто подоцна, за свечената вечера со кралското семејство на Тонга, војвотката одбра шармантен бел долг фустан украсен со светкави детали на рамената и впечатливи дијамантски обетки.
Вистински елегантна беше и во зелениот Џејсон Ву фустан од 2.200 долари кој го одбра за свечениот пречек веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Тонга.
Кралската двојка веќе утре заминува за Сиднеј каде ќе се случи затворањето на Invictus Games, по што следи посетата на Нов Зеланд каде и најверојатно ќе се означи крајот на нивната турнеја.