Принцот Хари и Меган вчера слетаа во Кејп Таун со што и официјално започна нивната прва заедничка турнеја низ Јужна Африка откако се роди нивниот син Арчи.

Прва на листата организации што ги посетија беше Justice Desk, каде војвотката Меган имаше говор во кој ги поздрави сите присутни и ги сподели нејзините искуства како Афроамериканка и колку се важни првата на жените.

На настанот, првата дама на организацијата Џесика Девхрст го соопшти и африканското име ‘Нцика што тие му го дале на нивното бебе Арчи, кое во превод значи симбол на силата.

Прекрасната Меган за пригодата одбра едноставен црно бел фустан со интересни мотиви, а истиот го комбинираше со нејзините омилени црни еспадрили на висока потпетица.

Веднаш потоа, тие се упатија кон еден музеј во Кејп Таун за каде таа одбра шармантен син фустан, по што заминаа на познатата плажа Монвабиси каде млади деца се соочуваат со проблемите од нивното тешко секојдневие во Африка преку сурфање.

Очекувано, Меган ја промени комбинацијата за оваа пригода, па на плажата се појави во едноставни црни фармерки, бела кошула и тексас јакна, стајлинг што ѝ прилегаше навистина одлично.

Она што беше интересно е дека таа и принцот се почувствуваа толку добредојдени што во еден момент им се придружија на децата кои им покажуваа некои од традиционалните танци.

Во текот на целиот престој тие разговараа за проблемите на младите генерации и како истите да се решат, а без проблем се прегрнуваа и уживаа во заедничкото друштво со што наликуваа на една сосема обична двојка од секојдневието.

На часот по сурфање Меган и Хари разговараа и за неверојатниот проект Lunchbox Fund преку кој се овозможуваат бесплатни оброци за голем број деца низ Африка, а во кој беа насочени дел од средствата што бебето Арчи ги доби по повод неговото раѓање.

Тие денеска го посетија и кралот и кралицата на Тонга, а понатаму се очекува принцот Хари сам да ја продолжи турнејата со цел да не го вознемируваат малиот Арчи да патува низ разни градови.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
24 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.356 пати