Фото: Хари, Меган и Арчи пристигнаа во Јужна Африка

23 септември 2019

Принцот Хари и Меган слетаа на аеродромот во Кејп Таун во друштво на нивното синче, четиримесечниот Арчи.

Со ова, тие го означија почетокот на првата кралска турнеја како семејство која ќе трае околу 10 дена, а во Кејп Таун пристигнаа со комерцијален лет на British Airways.

Меган и Хари турнејата ќе ја започнат во местото наречено Nyanga или „град на убиствата“ каде сѐ уште се случуваат најголем број убиства во земјата.

Кралската двојка во Јужна Африка беше пречекана со многу подароци за Арчи, но двајцата решиле истите да ги пренаменат за хуманитарни организации ширум земјата.

За време на турнејата се очекува Хари да посети најголем дел од значајните места, додека Меган ќе му прави друштво само на неколку локации, додека нивното бебе ќе остане во хотелот со дадилката во текот на целиот престој.  

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
23 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
912 пати