Првите фотографии на малата принцеза Шарлот

8 јуни 2015

Кенсингтон палатата на официјалните профили на социјалните мрежи објави серија преслатки фотографии на кои се појавува малиот принц Џорџ како во скутот ја држи својата сестричка, принцезата Шарлот.

На големо изненадување на сите, овие прекрасни фотографии ги направила нивната мајка, принцезата Кејт која очигледно има талент и за фотографија.

Фотографиите беа објавени на профилите што Кенсингтон палатата ги има на социјалните мрежи, додека принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ засега сѐ уште не се појавуваат во медиумите.

Фотографиите се објавени под хаштагот #WelcomeToTheFamily.

За потсетување, принцезата Шарлот се роди на 2 – ри мај, а принцот Џорџ на 22 јули ќе полни две години.

Во продолжение, погледнете ги преслатките, први фотографии од малата принцеза.

Објавено:
8 јуни 2015
Категорија: 
Актуел