Веќе знаете дека кралицата Ранија е една од нашите омилени дами кога станува збор за супер стил, а пред викендот сакаме да ве потсетиме на некои од нејзините најдобри комбинации изминатиов период.

Таа припаѓа на оние дами со беспрекорен стил, секогаш позитивна, полна енергија, со совршени јавни настапи и говори, но модниот вкус е нешто по што дефинитивно се издвојува.

На едно јавно појавување, кралицата Ранија неодамна се појави во уште едно прекрасно издание. За пригодата таа одбра шармантен бел фустан со карнер во долниот дел, а истиот го истакна со црн ремен на половината и црни високи потпетици.

Фантастична беше и во уште една комбинација во која се појави изминатиов месец, кога комбинираше лежерна бела кошулка со широки жолти панталони и црн ремен на половината.

Шик дама во спортска комбинација беше и за посетата на еден детски центар во Јордан, а за пригодата одбра широки црни панталони, бела маичка и кул розова јакна, а сето тоа го „зачини“ со високи потпетици.

Во продолжение погледнете некои од нејзините највпечатливи стајлинзи изминатиов период.

Фото: Инстаграм

Објавено:
1 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.086 пати