Запленети 24.720 илјади лажни Старки

21 август 2013

 

374462554270854

Старки наменети за босанскиот пазар, чија пазарна вредност се проценува на повеќе од 2 ипол милиони евра, се запленети на босанско-хрватската граница.

Во Ријека е запрено товарно возило со приколка, со босански регистарски таблички. На приколката се наоѓал и контејнер за кој се сметало дека превезува фалсификувана стока. Во него се пронајдени 24.720 чифта патики од познатиот бренд Конверс.

Тамошните овластени лица велат дека постојат различни начини со кои одредени лица се служат за да направат увоз или извоз на одреден производ. Иако некои производи доаѓаат во делови, постојат начини на кои се утврдува дали некој производ е фалсификат или не. Во случајот на патиките,  производите се даваат на стручен преглед и мислење од стручно лице.

679109734847435

Објавено:
21 август 2013
Категорија: 
Актуел