Згреши ли Меланија Трамп со модниот избор на гласањето?

4 ноември 2020

Многу често, во изминатите четири години, модните избори на Меланија, колку и да се добри, се критикувани поради тоа што се скапи.

Иако таа знаеше да вклучи и парчиња од „уличните“ брендови, да се прикаже и во полежерни, но и врвни елегантни изданија, сепак никогаш јавно не беше пофалена од модните инсајдери во Америка.

Ако се земе предвид дека Винтур јасно ја покажа својата поддршка кон Хилари Клинтон претходно, а сега и кон Џо Бајден, се изјасни дека Меланија никогаш нема да се појави на насловната на „Вог“ и со тој став „инспирираше“ многу дизајнери да ја бојкотираат, ваквиот развој на настаните не беше изненадување.

Кога Мишел Обама беше прва дама, ретко кога беше потенцирано во медиумите колку чини еден нејзин стајлинг, што не може да се рече за појавувањата на Меланија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MELANIA TRUMP WORLD (@melaniatrumpworld) onNov 3, 2020 at 9:46am PST

 

Тоа беше случај и за нејзиното последно појавување вчера, на гласањето. Таа ја изврши својата граѓанска должност во Мајами, односно Палм Бич, појавувајќи се во фустан со фалти со потпис на модната куќа „Гучи“ од, како соопштија странските медиуми, 4.500 долари.

Овој фустан кој не' потсети на лето, го искомбинира со беж чевли од познатиот бренд „Лубутан“, кој често е нејзин избор и „Ермес“ чанта, а многумина коментираа дека требала да одбере поскромен стајлинг за гласањето, за да биде „поблиску до народот“.

На крајот, постоеја многу негодувања за нејзините скапи модни избори, кои „народот ги плаќа“, но нејзината потпаролка, во една прилика изјави дека првата дама на САД сама ја плаќа својата облека.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MELANIA TRUMP WORLD (@melaniatrumpworld) onNov 3, 2020 at 9:46am PST

Инаку, неодамна се појавија и податоци за богатството на Меланија, кое наводно изнесува 38 милиони долари. Магазинот „Ел“ пак објави дека, во 2019 година, првата дама на облека потрошила повеќе 218.000 долари.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MELANIA TRUMP WORLD (@melaniatrumpworld) onNov 3, 2020 at 9:46am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MELANIA TRUMP WORLD (@melaniatrumpworld) onNov 3, 2020 at 9:43am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MELANIA TRUMP WORLD (@melaniatrumpworld) onNov 3, 2020 at 9:43am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@vuhong312) onNov 4, 2020 at 1:56am PST

 

Објавено:
4 ноември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
732 пати