Црвениот кожен мантил на Меланија e полн погодок

7 декември 2020

Меланија и Доналд Трамп неодамна беа во посета на Џорџија, каде претседателот на САД беше дел од политички настан.

Сепак, ние вниманието го насочивме кон првата дама, која покажа модна беспрекорност. Мантилите и капутите во боја се апсолутен хит сезонава, а Меланија покажа како овој тренд може да се носи.

Таа се појави во кожен темноцрвен мантил, со потпис на модната куќа „Александар Меквин“, чија цена изнесува речиси 6.200 долари. Под него носи црн фустан, а изборот на чевли се салонки со зебраст принт од Маноло Бланик. Нивната цена пак, изнесува 875 долари.

Дури и да се ова последните денови кога ја врши функцијата прва дама, Меланија дефинитивно ќе си замине со стил.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by HELLO! Russia (@hello__ru)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gheir.com (@gheir)

 

Објавено:
7 декември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.525 пати