Жизел Бундшен e заштитно лице на есенската кампања на Баленсијага

27 јуни 2014

Жизел Бундшен е заштитно лице на есенската кампања на модната куќа. На првата црно-бела фотографија направена од феноменалниот Стивен Мејсел можеме да ја видиме манекенката во едно сосема поинакво издание. Односно Жизел ја гледаме со кратка коса со страничен патец, наместо со бујните кадрици на кои навикнавме кога е таа во прашање.

За концептот за есенската колекција и ангажирањето на Бундшен, Александар Ванг изјави – „Жизел во кампањата е претставена како силна, мистериозна и бескомпромисна жена, а како дополнителен ефект користевме соба полна со огледала за да ја истакнеме суетноста на индивидуата“.

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Актуел