Жртвите на Харви Вајнстин ќе добијат отштета од 17 милиони долари

28 јануари 2021

Американскиот суд донесе одлука дека компанијата на филмскиот могул Харви Вајнстин, мора да им исплати 17 милиони долари на жртвите кои го обвинија за сексуално злоставување. Отштетата ќе биде поделена помеѓу 50 негови жртви.

Скандалот со Вајнстин се појави во 2017 година, кога во The New York Times беа објавени сведоштва на повеќе од десетина жени кои го обвинуваа филмскиот продуцент за сексуално злоставување. Бројот на жртви кои се јавуваа по излегувањето на сторијата растеше, што го покрена и појавувањето на движењето #MeToo. Минатата година, по пет дневно судење, Харви Вајнстин избегна доживотна казна, а доби казна затвор од 23 години за сторените дела.

Отштетата од 17 милиони ќе им биде исплатена на жртвите откако ќе се продаде имотот на филмската компанија Weinstein & Co. која во 2018 влезе во стечај, а Харви Вајнстин ја беше основал со својот брат Боб во 2005. Судијата ги одби сите жалби поднесени за оваа одлука.

Џорџина Чепман поднесе документи за развод во 2018 година

Харви Вајнстин е татко на 5 деца. Зад себе има два брака. Едниот со својата асистентка Ив Чилтон, а вториот со дизајнерката Џорџина Чепман, која поднесе документи за развод во 2018 година. Во септември 2020 му беше одземена титулата CBE која ја доделува британското кралско семејство.

Објавено:
28 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
189 пати