Зошто кастинзите на Victoria's Secret се толку страшни

26 септември 2013

Victoria-Secret-Models

Моделите што сакаат да бидат дел од годишното шоу на Victoria's Secret мора прво да поминат ригорозни кастинзи.

А ако мислите дека моделите што досега се ангажирани за овој бренд, автоматски ќе ги видиме на шоуто во ноември, се лажете.

Според креативниот директор Софија Неофиту-Апостолоу, дури и Александра Амбросио, Андријана Лима и нивните пријателки од сцената ги поминуваат истите строги кастинзи.

„Кастингот го врши директорот за кастинг Џон Пајфер, но финалната одлука ја донесува целиот тим. Моделите треба да чекорат пред нив, така што сите треба да го поминат тој суд. За манекенките што веќе до сега беа ангажирани ова е посебно стресно“.

Софија вели дека процедурата за учество во шоуто е „ужасна и застрашувачка“.

Од моделите се очекува да се во најдобра форма, како олимписките спортисти, но тоа не значи дека треба да бидат преслаби.

Многумина не веруваат во последново, особено имајќи го предвид изгледот на ангелите во последно време.

 

Објавено:
26 септември 2013
Категорија: 
Актуел