Зошто Меган Маркл секогаш носи фустани со џебови?

13 август 2018

Откако стана дел од кралското семејство, Меган Маркл постојано е во центарот на вниманието и дефинитивно се разликува од сите останати по нејзиниот софистициран и тренди стил.

И пред да стапи во брак со принцот Хари, таа постојано се бори за женските права и е дел од разни хуманитарни акции, па затоа важи за една од најпочитуваните жени во светот.

Дека стилот и е неверојатен и дека секогаш одбира одлични парчиња за пригодите во кои се појавува веќе знаеме, но интересно е дека голем дел од фустаните што ги носи имаат џебови.

Многумина посочуваат дека нешто се крие зад тоа и дефинитивно има вистина. Имено, целата приказна околу фустаните со џебови на војвотката има феминистичка позадина.

Експертите сметаат дека жените кои носат облека без џебови не знаат што сакаат и дека често со себе носат огромни торби полни беспотребни ситници.

Токму поради тоа, симболично, Меган во многу наврати носи фустани со џебови за да покаже дека жените не се ништо помалку способни и одлучни од мажите.

Тоа го покажала и во бројни прилики, на јавни говори, на кои секогаш остава особен впечаток со внимателно одбраните зборови, интелигенцијата и пораките кои сака да ги испрати до младите луѓе.

Објавено:
13 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.626 пати