Зухаир Мурад повторно краде креации

23 мај 2013

Бајковитите вечерни тоалети на Зухаир Мурад обожувани се од бројни ѕвезди од шоу-биз светот, а меѓу најверните се Џенифер Лопез, Тејлор Свифт, Ева Лонгорија, Миранда Кер. Раскошните креации на овој либански дизајнер го красат црвениот килим на сите важни случувања во текот на година. Сепак, колку што е фален, толку е и критикуван, што од страна на публиката, што од колегите и стручните лица, бидејќи голем дел од неговите креации се копија од други колеги, меѓу кои се најдоа и креациите на Диор, Ели Сааб, Живанши и други.

Овој пат светските модни портали укажуваат на неверојатната сличност на фустаните на Мурад со оние на американскиот дизајнер Прабал Гурунг. Црниот свечен фустан со транспарентни детали и метален ремен поврзани во пределот на половината,  што Гурунг го  лансираше во рамки на колекцијата есен/зима 2012, бил одлична инспирација за Зухаир Мурад да создаде мошне слична креација која се појави на пистата во колекцијата за пролет 2013.

Оваа сличност можеби и немаше да биде толку нагласена да не се случеше Зои Салдана и Селена Гомез да се појават во двете креации на црвениот килим. Со ова тие уште повеќе ја распламтеа приказната за најголемиот имитатор на современата модна сцена.

Прабал Гурунг есен 2012 и Зухаир Мурад пролет 2013

 

Марчеса колекција есен 2012
 
Зухаир Мурад колеција есен 2012

 

Објавено:
23 мај 2013
Категорија: 
Актуел