Зухаир Мурад повторно освојува женски срца со есенската кампања

26 август 2014

Конечно е објавена долгоочекуваната есен – зима кампања на големиот Зухаир Мурад за 2014/2015 година, а како што сите очекувавме, истата е феноменална!

Овојпат како модел се појавува прекрасната Маша Воронина во улога на фатална жена во совршените креации од колекцијата на либанскиот дизајнер.

Фотографиите ги направи одличниот креативец Раби Јоунс, а на истите фокусот единствено се става на креациите на Зухаир и сексапилната Маша.

На дел од фотографиите може да ги видиме некои од најубавите креации на дизајнерот меѓу кои и фамозниот пеперутка фустан во сина боја од одличната, луксузна есенска колекција.

Уште еднаш, Зухаир Мурад ни даде потврда дека неговите дизајни ќе владеат и следната сезона, а тоа дефинитивно ќе биде преку неговата луксузна Lepidoptera колекција.

Објавено:
26 август 2014
Категорија: 
Актуел