Мистичниот свет на инсектите пренесен во новата луксузна колекција на Зухаир Мурад

6 март 2014

Дознавме дека Зухаир Мурад не е обожавател на инсектите, но она што дополнително го дознавме дека неговите единствени омилени се пеперутките и вилинските коњчиња. Токму нивните феноменални тела и магични шари беа иснпирација за новата есен-зима 2014/2015 колекција што тој ја прикажа во рамки на париската модна недела.

Сите негови дизајни беа олицетворение на една ретка и беспрекорна убавина како создадена да се соедини со женското тело. Дизајнерот посочи дека овојпат му требало подолго време да ја направи целата колекција, бидејќи самиот истражувал некои ретки видови на бубачки во неговиот роден Либан. Токму оттаму се вратил со можеби најубавата инспирација досега.

На сите модели повеќе од забележителни беа прекрасните и уникатни шари на паперутките и вилинските коњчиња пренесени на беспрекорните материјали на кои дизајнерот им даде оригинален печат. Контурите на коњчињата можевме да ги видиме изработени дури и на кожените моменти на фустаните што овојпат дизајнерот ги имаше во изобилство.

Присутноста на мистичните бубачки можевме да ја видиме и на кошулите во колекцијата, но и на волуменозните прекрасни здолништа што ги создаде либанскиот дизајнер.

Во целата колекција имаше неколку парчиња што беа сосема едноставни, односно без контурите на бубачките како составен дел. Тоа беше случај со црниот долг сирена фустан, но тој беше толку прекрасен и едноставен, со што неговата убавина стануваше уште поголема и поретка.

Уште еднаш, Зухаир Мурад ни даде потврда дека неговите дизајни ќе владеат и следната сезона, а тоа дефинитивно ќе биде преку неговата луксузна Lepidoptera колекција.

Објавено:
6 март 2014
Категорија: 
Колекции