Менталното здравје во фокусот на новата летна колекција на Ирина Тошева

10 јуни 2019

Во годината кога гласно се зборува за важноста на менталното здравје, есенцијалната улога на уметноста во емоционална благосостојба на секоја индивидуа е инспирацијата за летната колекција.

Новата модна приказна на дизајнерката е обоена во пастелни нијанси, лесни и плисирани материјали и лелеави кроеви, оживеана во сликарско атеље од моделката Фјола Брестовци, пред објективот на Александра Костадиновска. Шминката е на Виктор Мирчевски, фризурата на Дарко Петковски (Hairhouse), чевлите се од marwell.mk.

„Креативниот процес на создавање уметнички дела ја подобрува физичката, ментална и емоционалната благосостојба, независно од возраста. Со создавање на уметност врз основа на сопствените чувства, мисли, идеи и фантазии, наместо фокусирање на уметничките вештини може да се прејде преку најразлични емоции како трауми, страв, анксиозност, стрес, бес. Затоа, земи ја четката и обои го „умот"."- изјави Тошева.

Колекцијата од денес е достапна во ателјето на дизајнерката.

 

Објавено:
10 јуни 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
394 пати