Meet me in Rio е насловот на летната колекција на Бершка. Како и секогаш, овој уличен бренд мисли на купувачите од различни возрасни групи, па така за актуелната сезона нуди широка палета на модели, но и бои и цветни дезени.
Новата колекција содржи латиоамериканска нота, а ја слави опуштената, сензуална и романтична жена, која сака да се забавува, жена која не е оптеретена со изгледот, но сепак изгледа мошне привлечно.
Од брендот најавуваат дека апсолутен хит ќе бидат кусите маички кои го откриваат стомакот, а во комбинација со куси панталончиња и здолништа, се добива лежерен, спортски, а истовремено и секси и привлечно.
Ако и вие сакате токму тоа да го постигнете во претстојното лето, погледнете ја колекцијата во продолжение, како и лукбукот за месец април насловен како Drive me crazy...
Да се сретнеме во Рио...
Лукбукот за април изгледа вака: