Подгответе се за долго топло лето: Бершка костими за капење 2014!
•
5 април 2014
Иако има уште неколку месеци до годишното време кое што сите го обожуваме, Бершка не почести со новата колекција костими за капење кои мора да признаеме дека се неодоливи.
Овој познат high street бренд го објави лукбукот за сезоната лето 2014 за најновата колекција костими за капење во која преовладуваат секси дводелни комплети со супер тренди горни делови и помалку оскудни гаќички.
Бершка во својата нова понуда ни нуди костими за капење со цветни апликации, со сидро, со морнарски моменти, но и такви кои што се сосема обични и еднобојни за вљубеничките во минимализмот.
Доколку веќе го планирате годишниот одмор, не е на одмет да почнете да планирате и во каков костим за капење ќе блеснете ова лето!
Ајде на забава!