Лукбук на Бершка за новата линија костими за капење
•
27 јуни 2013
Новата колекција е составена од едноделни и дводелни костими за капење, односно црн класичен, бел со црвени пруги, цветни, тропски и апстрактни принтови. Бершка со овој лукбук промовираше костими за капење со кои секоја девојка ќе изгледа истовремено елегантно и сексапилно.
Без разлика дали одморот ќе го поминете покрај базен или на некоја песочна плажа, со овие костими за капење ќе бидете секогаш спремни за нови предизвици.