Ова се топ 30 костими за капење за 2015

15 јуни 2015

За оние што се подготвуваат за летниот одмор, ви презентираме дел од најтрендовските костими за капење за оваа сезона. За среќа, оваа година е модерно буквално се'! Еднобојни, или со принт, не е важно, она што е најважно е да го изберете вистинскиот за вашата градба на тело.

Исто така, мошне популарни се плетените бикини, а и едноделните костими за капење се враќаат на голема врата. Премногу провокативните и оскудни костими за капење се ставени во втор план.

Ретро модата со високите гаѓички и морнарски шари е уште еден од доминантните трендови.

Одберете го она што најмногу ви се допаѓа и прилега и уживајте во летниот одмор!

Објавено:
15 јуни 2015
Категорија: 
Тренд