Едноделните костими за капање доаѓаат во пакет со винтиџ трендовите. Ако изминативе неколку сезони беа ставени во втор план, како алтернатива на бикини костимите за капење, овој пат едноделните го имаат приматот.
Доколку вашиот едноделен костим за капење го комбинирате со кратки џинс панталончиња, транспарентен топ, качкет и мини ранец, тогаш вие ќе бидете „девојката од 90-те“ на плажа, а токму оваа декада во секој поглед е имплементирана во актуелните трендови.
Овој тип на костими за капење се вратија во поголем стилски избор од кога и да е! Покрај класичните еднобојни, сега може да избирате помеѓу оние со штосни пораки, егзотични принтови, во риги и точки, во стилот на 50-тите и 60-тите, со исечоци и асиметрични...
Неколку различни варијанти на едноделни костими за капење во прилог: