Едноделните костими за капење се летен хит број еден!

28 март 2017

Едноделните костими за капење последниве две години полека сè повеќе се наметнуваа како тренд, за оваа летна сезона конечно станаа ултимативен тренд.

Бикини моделите заминаа во втор план, а на сцена настапија едноделните и тоа во неколку варијанти.

Ако веќе размислувате каде да избегате за претстојните празници или веќе знаете каде ќе го поминете летниот одмор, па сте во потрага по идеалниот костим за капење, еве неколку предлози:

Еднобојни едноделни костими за капење

Трендот од „Чуварите на плажа“ се враќа. Еднобојните костими за капење, со високи препони се задолжително парче на сите познати ѕвезди. Дали ќе се одлучите за црвен, како во серијата, или некој во пастелно розова, тегет, жолта или некоја друга, несомнено е дека ќе бидете тренди.

Карнери

Како и на облеката, карнерите се апсолутен хит и кај костимите за капење. Одличен избор за оние што го преферираат романтичниот изглед и на плажа.

Риги

Ригите никогаш не го губат приматот, кога е летната сезона во прашање. Сите варијанти на риги се добредојдени ова лето.

Ретро

Флоралниот принт се задржува и ова лето, но во винтиџ стил. Исто така, едноделните костими за капење со корсет во гордниот дел или истакнати корпи се еден од трендовите.

Необични форми

Дали ќе изберете интересен крој, врзување на костимот за капење, комбинација на бои, принт или материјал (како на пример плетени костими за капење), нема да згрешите со нешто. Изборот е голем и во прашање е само вашиот личен синзибилитет и стил.

Објавено:
28 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.812 пати