Бохо – носечки императив во пролетниот лукбук на Манго
•
13 март 2015
Манго девојката за оваа пролет е лежерна, опуштена и со слободен дух. Бохо стилот од 70-тите е носечката тема на новиот лукбук на шпанскиот бренд.
Лелеави фустани со етно мотиви, јакни изработени од велур, одлични модни додатоци како шешири и чанти со реси... Чевлите ја надополнуваат романтичната приказна на пролетната линија и повторно дишат во духот на 70-тите.
Манго веќе неколку сезони наназад успева во совршената синхронизација на деловниот елегантен стил, удобниот спортски изглед и доминантниот романтичен-бохо имиџ.