Нов лукбук на Манго за пролет-лето 2015

2 март 2015

Шпанскиот моден гигант Манго го објави својот нов лукбук за претстојната сезона пролет-лето 2015 во кој акцентот е ставен на различните типови жени.

Од спортска и лежерна, до класична и деловна облека, Манго понуди широк трендовски избор и за девојките кои уживаат во лелеави бохо парчиња и за дамите кои ги преферираат класичните парчиња со перфектен крој.

Низ фотографиите ги забележуваме стандардните црно-бели Манго комбинации со кошули и панталони со чисти линии, но и колоритни здолништа и блузи во риги, разресен џинс, точкаст принт и романтични фустанчиња.

 

Објавено:
2 март 2015
Категорија: 
Колекции