Свечена колекција на Манго за оваа пролет

14 април 2015

Шпанскиот моден гигант Манго за оваа пролет дизјанираше специјална свечена колекција. Со оглед на тоа дека веќе почнуваат подготовките за матурските забави и свадбените свечености, ова е сосема очекуван потег од модната куќа.

Линијата се состои од раскошни долги фустани украсени со ситни камчиња, свечени сакоа и палта во силвер варијанти, широки панталони, минималистички комбинизони, едноставни блузи со впечатливи детали, торби и накит.

Во колекцијата е направен суптилен спој на едноставноста и женственоста, така што повеќето парчиња и покрај тоа што се примарно наменети за посебни пригоди, можат лесно да се прилагодат и на вашиот секојдневен стил.

Доминираат пудрестите тонови, цветните мотиви, транспарентните материјали како и лежерните и опуштени кроеви.

 

Објавено:
14 април 2015
Категорија: 
Колекции